Будимпешта – 8ми Март
Grand Travel Macedonia > Tours > 8-ми Март > Будимпешта – 8ми Март

8-ми Март  во Будимпешта со Виена 

Термин 06 Март
 (4 дена / 2 ноќевања со појадок) 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 31 ЈАНУАРИ: 85 еур, 5270 денари

Будимпешта e главeн град на Унгарија, уште е наречена „кралица на Дунав“. Составена е од два дела, Бу­дим и Пе­шта, два гра­да, спо­е­ни во ед­на це­ли­на. Еден на рид, друг во ни­зи­на, соз­да­ва­ат вол­шеб­на уба­ви­на на два­та бре­га на си­ни­от Ду­нав. Бу­дим­пе­шта е град со ши­ро­ки бу­ле­ва­ри, пре­крас­ни ули­ци и со зе­ле­ни пар­ко­ви, со што по­тсе­ту­ва де­ка не­ко­гаш бил дел од моќ­но­то царс­тво Ав­стро­ун­га­ри­ја. Неј­зи­на­та ма­ги­ја ле­жи во бо­га­та­та исто­ри­ја и во кул­тур­ни­те вли­ја­ни­ја што ги пре­тр­пе­ла.Познат по своите бројни топли природни и вештачки извори кои датираат уште од 1934 година, му ја подарија титулата на „Градот на Бањите“.

Градот со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност. А, благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство.

ПРОГРАМА:

1 ден   06.03.2019: Кочани – Скопје – Белград – Будимпешта.
Тргнување од Кочани пред туристичката агенција во 15:00 часот.Ппопатно застанување во Штип, Велес и Скопје. Се упатуваме кон Будимпешта со попатни паузи и царински формалности. Ноќно возење.
2 ден   07.03.2019 Будимпешта:
Пристигнуваме во утринските часови во Будимпешта. Унгарската престолнина е една од највеличенствените и прекрасни европски дестинации. Градот е како мост помеѓу Источна и Западна Европа. Расположена е на реката Дунав опкружена со природна убавина и чудесна архитектура. Будимпешта може да го задоволи секој различен вкус на туристите. Обиколката на Будимпешта со автобус ќе ви овозможи да се соживеете со долгата и бурна историја на градот, како и мостовите на реката Дунав, Плоштадот на хероите, Рибарските кули, Будаиската тврдина, Св. Гелерт и Парламентот кои се едни од најстарите законодателни згради во цела Европа спомениците на Св. Иван и Св. Троица, Црквата Св. Матијаш. Сместување во хотел.

Слободно индивидуално време.

Факлутативно крстарење по  Дунав околу 19:00 часот (15 еур со вклучен локален водич).Ноќевање.

3 ден 08.03.2019 БУДИМПЕШТА – ВИЕНА  (факултативно)
Појадок. Во 08:00 се упатуваме кон главниот град на Австрија – Виена со попатно застанување во Outlet Shopping Center  – Parndorf. Виена е еден од најпрекрасните градови не само во Европа, туку и во целиот свет, кој датира уште многу години пред архитектурата на стариот континент. Овде е местото каде владее стилот „Сецесион“. Обиколката на градот Виена со автобус и локален водич ќе ви овозможи да уживате во сите знаменитости на величенствената австриска престолнина. Бескрајно впечатливо во овој град се светилките низ градот кои го прават магичен центарот на градот. Прошетка по Ринговата улица, која ќе ни овозможи да ги видиме Операта, Парламентот, статуата на генерал Радецки, Вотрив Кирхе, Бургартен со споменикот на Моцарт, Дворецот Белведере, Природно-научни и историски музеи. Поаѓање за Будимпешта во попладневните часови  Ноќевање.
4 ден   09.03.2019 БУДИМПЕШТА  – СЕНТ АНДРЕА:  
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и упатување во факултативна посета  на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Слободно време за индивидуални активности.  После посетата на Сент Андреа, се упатуваме во посета на еден од најголемите шопинг центри – Арена Плаза. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и цaрински формалности.
5 ден 10.03.2019: Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички авотбуси, Klima, CD; DVD
  • 2 ноќевања со појадок во – хотел 3*
  • Разглед на Будимпешта со локален водич
  • Придружник од туристичката агенција за време на патувањето

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Крстарење по реката Дунав – 15 евра (минимум 20 патници)
  • Посета на Виена со локален водич и OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF  – 25 евра
  • Посета на Сент Андреа – 10 евра
  • Патничко и здравстевно осигурување 150 денари

НАПОМЕНИ:

  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Т.А. Либеро Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
  • Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€.
  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници, и важат општите услови на патување на СКТМ и ТА Гранд Травел.
  • За секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање.
  • Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројот на пријавени патници.
SHARE
  • ДЕСТИНАЦИЈА:Будимпешта
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ:4 денови
  • ДАТА : Mar 06 - Mar 10
    • Хотел:3 Звезди
    • Сместување на база на:Ноќевање со појадок
  • ЦЕНА :

    ден5,270.00

РЕЗЕРВИРАЈТЕ ONLNIE
НАПРАВЕТЕ РЕЗЕРВАЦИЈА


captcha