Прага – Братислава – Лајпциг
Grand Travel Macedonia > Tours > 8-ми Март > Прага – Братислава – Лајпциг

8-ми Март  во Прага, Лајпциг и Братислава

Термин 06 Март

(4 дена / 2 ноќевања со појадок)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 31 ЈАНУАРИ: 99 евра /    6140  денари

Организиран превоз од: Скопје, Велес, Штип, Кочани, Виница, Каменица и Делчево

 

ПРОГРАМА:

1 ден   06.03.2019: Кочани – Скопје – Белград – Унгарија – Словачка Прага.

Тргнување од Кочани пред туристичката агенција во 11:00 часот.Попатно застанување во Штип, Велес и Скопје. Се упатуваме кон Прага со попатни паузи и царински формалности. Ноќно возење.

2 ден   07.03.2019 Прага:

Очекувано пристигнување во Прага во утринските часови. Од тука групата веднаш се упатува на разглед на Стариот град со локален водич, прекрасниот Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито. По разгледот следува слободно време за ручек.

Во попладневните часови сместување во хотел и слободно време за одмор се до 19 часот, кога групата се чека пред хотел и се упатува на крстарење по реката Влтава. Прекрасно вечерно крстарење од каде се поминува низ срцето на Прага. По завршувањето на крстарењето следува слободно време. Ноќевање

3 ден 08.03.2019 Прага – Лајпциг  (факултативно)

По појадокот, следува посета на градот Лајпциг – најубавиот град во источна Германија, Лајпциг е најголемиот град на сојузната покраина Саксонија, а верувале или не, се наоѓа на листата на 70 најпосакувани светски градови за живот и е еден од десетте најпопуларни туристички дестинации според Њујорк Тајмс. Разглед на градот: Црквата Свети Никола, Ауербахс Келер-најстариот ресторан, Музејот на ликовни уметности, Плоштадот и пазарот, Споменикот на народната битка. Слободно време за прошетка и ручек. Враќање во Прага и хотелот во доцните попладневни часови.

4 ден   09.03.2019 Прага  – Братислава:

Појадок. После појадокот, поаѓање за Братислава , разглед на градот: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Слободно време за индивидуални активности, ручек, прошетки и поаѓање за Скопје во попладневните часови.

ПЕТТИ ДЕН: 10.03.2019

Пристигнување во Скопје-Кочани во утринските часови.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз
  • Две ноќевања во хотел 3* во Прага со појадок (хотелот е во околината на Прага 3, поврзан со градски превоз до центарот на градот)
  • Панорамски разглед на Братислава
  • Организација и водство на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Разглед на Прага со локален водич – 10 евра
  • Вечерно крстарење по В`лтава – 15 евра
  • Посета на Лајпциг – 30 евра!
  • Патничко осигурување 150 денари

Пакет сите факултативи 50 евра

НАПОМЕНИ:

  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Т.А. Либеро Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
  • Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€.
  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници, и важат општите услови на патување на СКТМ и ТА Либеро Травел.
  • За секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање.
  • Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројот на пријавени патници.

.

  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца.
SHARE
  • ДЕСТИНАЦИЈА:Парга
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ:4 денови
  • ДАТА : Mar 06 - Mar 10
    • Хотел:3 Звезди
    • Сместување на база на:Ноќевање со појадок
  • ЦЕНА :

    ден6,140.00

РЕЗЕРВИРАЈТЕ ONLNIE
НАПРАВЕТЕ РЕЗЕРВАЦИЈА


captcha